6 кога моите нозе ги миев во млеко, а мојот камен излеваше потоци масло!
7 Кога излегував над градската врата и ја поставував својата столица на раскрсницата,
8 откако ќе ме видеа, младите се криеја; старците откако ќе станеа, стоеја,
9 првенците го прекратуваа разговорот и ја ставаа раката на својата уста.
10 Гласот на началниците стивнуваше сосем, јазикот им се залепуваше за непцето.
11 Секој што ме слушаше, ме наречуваше блажен, ме фалеше окото, што ќе ме видеше.
12 Зашто, го избавував бедниот кога викаше и сиракот оставен без помош.