19 Ме фрли во калта долу, ете, станав како прав и пепел.
20 Викам кон Тебе, но Ти не одговараш; стојам пред Тебе, но Ти и не се грижиш.
21 Стана жесток кон мене, со претешка рака се нафрлаш кон мене.
22 Ме креваш со виор, со него ме носиш, ме вртиш силно во вртеж на бурата.
23 Да, знам дека ме предаде на смртта, на заедничкото собиралиште на сите живи.
24 Не ја испружува ли раката давеникот, не вика ли кога ќе падне во неволја?
25 Не плачев ли за страдалниците, не се ли сожали мојата душа за сиромашниот?