1 Склучив завет со своите очи, дека нема да погледнат на ниедна девица.
2 А што ми досуди Господ одозгора, какво ми е наследството од Сèдржителот?
3 Па, не е ли несреќата за нечесниот, а неволјата за оние што прават зло?
4 Не ги гледа ли Тој сите мои патишта, не ги брои ли Тој сите мои чекори?
5 Зар одев, кога и да било, во друштво со лагата? Зар мојата нога брзаше кон измама?
6 Нека ме измери Бог врз права мерка, па ќе ја види мојата непорочност!
7 Ако мојот чекор се отстрани некогаш од патот, ако моето срце го следеше окото, и ако срамно дело ми ги извалка рацете,