13 Ако некогаш го презрев правото на својот слуга или слугинка, кога спореа со мене,
14 што ќе направам кога Бог ќе стане? Што ќе одговорам кога ќе побара сметка?
15 Зар Тој не нè создаде двајцата во утробата и нè создаде еднакво во мајчиното крило?
16 Дали се правев дека не ги слушам молбите на сиромашните или ги расплакав вдовичините очи?
17 Дали го јадев некогаш сам својот залак, а да не го делев со сирачето?
18 Па, од младоста му бев како татко, го водев од мајчиното крило!
19 Зар го гледав безкуќникот без облека или некој беден без покривка,