18 Па, од младоста му бев како татко, го водев од мајчиното крило!
19 Зар го гледав безкуќникот без облека или некој беден без покривка,
20 а неговите бедра да не ме благословија мене, кога се стопли со руното на моите овци?
21 Ако кренав рака против невин, знаејќи дека мојот бранител е при вратата,
22 моето рамо нека се откорне од плеќката и нека ми отпадне раката од лактот!
23 Зашто Божјите ужаси би паднале врз мене и не би можел да устојам пред Неговото величество.
24 Зар надежта ја ставив во златото или му реков на златото: „Сигурност моја!”