21 Ако кренав рака против невин, знаејќи дека мојот бранител е при вратата,
22 моето рамо нека се откорне од плеќката и нека ми отпадне раката од лактот!
23 Зашто Божјите ужаси би паднале врз мене и не би можел да устојам пред Неговото величество.
24 Зар надежта ја ставив во златото или му реков на златото: „Сигурност моја!”
25 Зар се радував на големо богатство, на богатствата што ги спечалија моите раце?
26 Зар - гледајќи го сонцето како блеска и како месечината патува по сјајното небо,
27 моето срце се зазеде потајно да им испратам бакнеж со раката?