22 моето рамо нека се откорне од плеќката и нека ми отпадне раката од лактот!
23 Зашто Божјите ужаси би паднале врз мене и не би можел да устојам пред Неговото величество.
24 Зар надежта ја ставив во златото или му реков на златото: „Сигурност моја!”
25 Зар се радував на големо богатство, на богатствата што ги спечалија моите раце?
26 Зар - гледајќи го сонцето како блеска и како месечината патува по сјајното небо,
27 моето срце се зазеде потајно да им испратам бакнеж со раката?
28 Тоа ќе беше грев што вика по суд, бидејќи би се одрекол од Сèвишниот Бог.