6 Тој не остава да живее нечесниот, им набавува правда на страдалниците.
7 Тој не ги симнува очите од праведните, ги крева на престоли, покрај царевите, за да бидат возвишени довека.
8 Ако се тие оковани во вериги и сопнати со јажињата на неволјата,
9 Тој им ги напомнува нивните дела, им го кажува гревот на нивната гордост.
10 Тогаш им го отвора увото за опомена и ги призовува да се отстранат од злото.
11 Ако послушаат и Му се покорат, нивните денови завршуваат во благопријатност, нивните години во радост;
12 ако пак не слушаат, умираат од копје, заглавуваат, незнаејќи ни самите како.