1 Да, и моето срце трепери од тоа и сака да искочи од своето место.
2 Слушнете го, слушнете го, грмежот на Неговиот глас, татнежот што излегува од Неговата уста.
3 Ете, секавица лета преку целото небо - и светнува блесок од крај до крај на земјата. -
4 Зад неа еден силен глас се разнесува: Тој грми со величествен глас. Неговите молњи летаат никој не им пречи, штом се чуе Неговиот глас.
5 Да, Бог грми со величествен глас, создава несфатливи големи дела.
6 Кога ќе му рече на снегот: „Опснежи по земјата!” И на поројните дождови: „Заврнете силно!”