13 Ги испраќа - или да ги казни народите, или за земјата или за милост.
14 Послушај го ова, Јове, смири се и разгледај ги чудесните Божји дела.
15 Знаеш ли како Бог ги заповеда нив, како ја пушта молњата од Својот облак? Тоа се чудеса на совршено знаење.
16 Си научил ли како се издигат облаците и
17 како се стоплуваат твоите облеки од жегата, во јужниот ветер, кога земјата се одмара?
18 Зар ти ги распна небесата со Него, цврсти како одлеано огледало?
19 Де, поучи ме што да Му речеме: не се снаоѓаме веќе заради темнината.