20 Зар ќе Му речеш: „Сакам да зборувам?” Или ќе се согласиш на сопствената пропаст?
21 И така, кој може да гледа во светлината на небесата што свети со блесок, кога ветриштата ги растеруваат облаците?
22 Од север светнува како злато: Бог се облече со страшно величество!
23 Да, не можеме да Го достигнеме Сèдржителот, неизмерлив е во Својата сила и во судот, и во совршенството на правдата, Тој не угнетува никого.
24 Затоа сите луѓе нека се бојат од Него! На горделива мудрост Тој и не гледа.”