4 Зад неа еден силен глас се разнесува: Тој грми со величествен глас. Неговите молњи летаат никој не им пречи, штом се чуе Неговиот глас.
5 Да, Бог грми со величествен глас, создава несфатливи големи дела.
6 Кога ќе му рече на снегот: „Опснежи по земјата!” И на поројните дождови: „Заврнете силно!”
7 На секој човек му ги запечатува рацете, сите да го запознаат Неговото дело.
8 Тогаш сите ѕверови се вовлекуваат во скривалиште и остануваат во своите легла.
9 Бурата се крева од јужната страна, а северните ветрови донесуваат студ.
10 Веќе од Божјиот здив настанува мраз и се здрвува водната површина.