8 Тогаш сите ѕверови се вовлекуваат во скривалиште и остануваат во своите легла.
9 Бурата се крева од јужната страна, а северните ветрови донесуваат студ.
10 Веќе од Божјиот здив настанува мраз и се здрвува водната површина.
11 И Тој пак ги полни со вода облаците, и облаците почнуваат да светкаат со молњи;
12 кружат насекаде по Неговата волја, што им наложи, тоа ќе извршат, на лицето на целиот земски круг.
13 Ги испраќа - или да ги казни народите, или за земјата или за милост.
14 Послушај го ова, Јове, смири се и разгледај ги чудесните Божји дела.