10 Можеш ли да го приковеш за браздата, за да го влече ралото по твоите бразди?
11 Можеш ли да се потпреш на него, зашто е преголема неговата сила и да му ја препуштиш својата тешка работа?
12 Дали мислиш дека ќе ти се врати и дека ќе ти дотера жито на гумното?
13 Нојот трепери радосно со своите крилја, иако се скудни крилјата и перјата.
14 Тој ги остава своите јајца на земјата, му ги доверува на песокот да ги грее,
15 не грижејќи се дека може да ги згази нога, или да ги згмечи некаков див ѕвер.
16 Постапува со нојчињата како со туѓи; тој не се грижи дека трудот му е напразен.