15 не грижејќи се дека може да ги згази нога, или да ги згмечи некаков див ѕвер.
16 Постапува со нојчињата како со туѓи; тој не се грижи дека трудот му е напразен.
17 Зошто Бог го лиши него од памет, не му даде никаков разум.
18 Ама кога ќе се вивне нагоре, тогаш им се потсмева на коњот и коњаникот.
19 Зар ти му подари сила на коњот? Зар ти му го украси вратот со гривна?
20 Зар ти правиш да скока како скакулец, секого да натера во страв со р’жењето?
21 Весело ја раскопува земјата со копитото, храбро излегува против оружјето.