18 Ама кога ќе се вивне нагоре, тогаш им се потсмева на коњот и коњаникот.
19 Зар ти му подари сила на коњот? Зар ти му го украси вратот со гривна?
20 Зар ти правиш да скока како скакулец, секого да натера во страв со р’жењето?
21 Весело ја раскопува земјата со копитото, храбро излегува против оружјето.
22 Му се потсмева на стравот, од ништо не се бои, не ќе се повлече ни пред меч.
23 На неговите задни страни ѕвечи торба со стрели, копјето светка и бојната сулица.
24 Бесен и нестрплив ги голта пространствата; кога ќе засвири рогот, кој ќе го задржи: