2 Дали изброја колку месеци носат? Знаеш ли во кое доба се породуваат?
3 Наведнувајќи се, ги породуваат своите срнчиња и го растеретуваат бремето среде пустината,
4 а кога породот ќе им зајакне, растат во полето, го оставаат и не му се враќаат.
5 Кој му ја даде слободата на дивото осле и кој го симна оглавникот од неговата глава?
6 Пустината му ја дадов за родно место и солените полиња за да живее таму.
7 Тој му се потсмевнува на шумот на градовите и не ги слуша повиците на терачите.
8 Скита по ридовите, по своите пасишта, во потрага за секакво зеленило.