20 Зар ти правиш да скока како скакулец, секого да натера во страв со р’жењето?
21 Весело ја раскопува земјата со копитото, храбро излегува против оружјето.
22 Му се потсмева на стравот, од ништо не се бои, не ќе се повлече ни пред меч.
23 На неговите задни страни ѕвечи торба со стрели, копјето светка и бојната сулица.
24 Бесен и нестрплив ги голта пространствата; кога ќе засвири рогот, кој ќе го задржи:
25 Тој за’ржува при секој звук на рогот: Вришти, ха! Веќе оддалеку тој го надушува лутиот бој, бојната викотница и извиците на војсководачите.
26 Зар по твојата промисла лета соколот и ги шири своите крилја кон југ?