1 И Господ му се обрна на Јова и му рече:
2 Зар кудачот ќе се препира уште со Јакиот? Божјиот тужител нека одговори сам!”
3 А Јов Му одговори на Господа и рече:
4 ”Премногу сум мал: што да одговорам? Со мојата рака ќе ја затворам устата.
5 Реков збор - нема веќе да започнувам; реков два - ама нема да продолжам.”
6 Тогаш Господ му одговори на Јова од бурата и рече:
7 „Препаши го својот крст како јунак, Јас ќе те прашувам, а ти поучи Ме.