18 Неговите коски се железни цевки, неговите зглобови се глуждови од железо.
19 Тој е првенец на Божјото создавање, Творецот го вооружи со меч.
20 Планините му донесуваат данок во храна, и сите ѕверови што играат по нив.
21 Тој почива навален под лотосот, мочуришните трски и калта го кријат.
22 Лотосовите лисја му прават сенка, тој се лади под поточните врби.
23 Ако надојде реката, тој не се плаши: воопшто него не би го загрижило и целиот Јордан да затече во неговата уста.
24 Кој може да го фати за очите и кој може да му го прободе носот со стрела?