3 А Јов Му одговори на Господа и рече:
4 ”Премногу сум мал: што да одговорам? Со мојата рака ќе ја затворам устата.
5 Реков збор - нема веќе да започнувам; реков два - ама нема да продолжам.”
6 Тогаш Господ му одговори на Јова од бурата и рече:
7 „Препаши го својот крст како јунак, Јас ќе те прашувам, а ти поучи Ме.
8 Зар сакаш да го изгазиш и мојот суд, да Ме обвиниш, за да се оправдаш себеси?
9 Зар твојата мишка ја има Божјата сила? Зар можеш да грмиш со гласот како Него?