6 Тогаш Господ му одговори на Јова од бурата и рече:
7 „Препаши го својот крст како јунак, Јас ќе те прашувам, а ти поучи Ме.
8 Зар сакаш да го изгазиш и мојот суд, да Ме обвиниш, за да се оправдаш себеси?
9 Зар твојата мишка ја има Божјата сила? Зар можеш да грмиш со гласот како Него?
10 Наметни се со сјај и величество, облечи се со достоинство и слава.
11 Избувни со гнев на жесток оган, понизи го гордиот со еден поглед.
12 Погледај го горделивецот, скрши го, сотри го наместо, секој злосторник.