1 А Јов му одговори вака на Господа:
2 „Јас знам, Твојата моќ е безгранична: Што и ќе наумиш, можеш да го направиш тоа.
3 Кој е тој што со безумни зборови ја помрачува божествената промисла? Затоа зборував, но не разбирав, за чудесата што мене ми се несфатливи.
4 О послушај ме, остави ме да зборувам: Јас ќе Те прашувам, а Ти поучи ме.