12 Господ ја благослови новата Јовова состојба уште повеќе отколку поранешната. Стадата му броеја четиринаесет илјади овци, шест илјади камили, илјада двојки волови и илјада ослици.
13 Имаше седум синови и три ќерки.
14 На првата и го даде името Емима, на втората Касија, а на третата Керен-Апух.
15 Во целиот тој крај немаше жени толку убави како Јововите ќерки. И таткото им даде еднакво наследство како и на нивните браќа.
16 После тоа Јов доживеа сто и четириесет години и ги виде своите деца и децата на своите деца до четвртото поколение.
17 Потоа Јов умре, стар, и сит од животот.