Јов 42:2-8 MKB

2 „Јас знам, Твојата моќ е безгранична: Што и ќе наумиш, можеш да го направиш тоа.

3 Кој е тој што со безумни зборови ја помрачува божествената промисла? Затоа зборував, но не разбирав, за чудесата што мене ми се несфатливи.

4 О послушај ме, остави ме да зборувам: Јас ќе Те прашувам, а Ти поучи ме.

5 Досега Те познавав само по слушање, но сега моите очи Те видоа.

6 Затоа, се гнасам од сите свои зборови и се каам во прав и пепел.”

7 Кога Господ му ги изговори на Јова овие зборови, Тој му рече на Теманецот Елифаз: „Ти и твоите два пријатели го распаливте Мојот гнев, зашто не зборувавте за Мене така право, како Мојот слуга Јов,

8 Затоа, земете сега седум јунчиња и седум овни и отидете при Мојот слуга Јов, да принесете паленица за себе, а Мојот слуга Јов ќе се помоли за вас. Ќе имам обѕир кон него, и нема да ви сторам ништо лошо, зашто не зборувавте за Мене онака право, како Мојот слуга Јов.”