10 Тој роси дожд по сето лице на земјата, и испраќа вода да ни ги натопи полињата.
11 За да ги издигне високо понижените, за да ги надари со среќа нажалените?
12 Редум го руши она што итреците го смислуваат, сè што со раце спроведуваат, Тој им го изјаловува.
13 Тој ги фаќа мудрите во нивното лукавство, намислите на сплеткарите, ги претворува во ништо.
14 Среде бел ден, запаѓаат во темнина, пипаат на пладне, како среде ноќта.
15 Тој го избавува бедниот од нивниот меч, го издига сиромашниот од силничките раце.
16 Така му се покажува надежта на бедниот и неправдата треба да ја затвори устата.