14 Среде бел ден, запаѓаат во темнина, пипаат на пладне, како среде ноќта.
15 Тој го избавува бедниот од нивниот меч, го издига сиромашниот од силничките раце.
16 Така му се покажува надежта на бедниот и неправдата треба да ја затвори устата.
17 Да, блазе му на човекот кого Бог го изобличува, затоа не презирај го ти карањето на Сèсилниот!
18 Тој ранува, но ја преврзува раната, удира, и залечува со Својата рака.
19 Ќе те избави од шест неволји, ни во седмата злото нема да те допре.
20 Во глад, ќе те спаси од смрт, а во војна, ќе те грабне од остриот меч.