18 Тој ранува, но ја преврзува раната, удира, и залечува со Својата рака.
19 Ќе те избави од шест неволји, ни во седмата злото нема да те допре.
20 Во глад, ќе те спаси од смрт, а во војна, ќе те грабне од остриот меч.
21 Ќе го отстрани од тебе бичот на лошиот јазик, без страв ќе бидеш пред грабнувачот.
22 Ти ќе им се смееш на сушата и студот, и не ќе се плашиш од дивите ѕверови.
23 Ти ќе склучиш сојуз со камењата на нивата, дивите ѕверови ќе бидат во мир со тебе.
24 Ќе уживаш мир во својот шатор, кога ќе го посетиш својот дом, ќе стои негибнат.