2 Навистина, безумниот го убива неговиот гнев, љубомората ќе го докрајчи сосем лудиот.
3 Видов безумник како се вкоренува, но веднаш ја проколнував неговата куќа.
4 Неговите синови се далеку од сигурност, незаштитени, ги тормозат во вратите.
5 Гладните ја изедуваат нивната жетва, самиот Бог им ја одзеде од устата, а жедните лакомат за нивните имоти.
6 Не, нечесноста не излегува сама од земјата, ниту неволјата може да никне сама од почвата,
7 туку човекот се раѓа за страдањата, како што орловиот лет се стреми кон висината.
8 Но јас ќе Го побарам Бога и пред Него би ја образложил мојата работа.