4 Неговите синови се далеку од сигурност, незаштитени, ги тормозат во вратите.
5 Гладните ја изедуваат нивната жетва, самиот Бог им ја одзеде од устата, а жедните лакомат за нивните имоти.
6 Не, нечесноста не излегува сама од земјата, ниту неволјата може да никне сама од почвата,
7 туку човекот се раѓа за страдањата, како што орловиот лет се стреми кон висината.
8 Но јас ќе Го побарам Бога и пред Него би ја образложил мојата работа.
9 Тој создаде силни недоловливи дела, чудеса што не можат да се избројат.
10 Тој роси дожд по сето лице на земјата, и испраќа вода да ни ги натопи полињата.