14 Кој му одбива милост на својот ближен, го презрел стравот од Сèсилниот Бог.
15 Браќата ме изневерија како поток, како зимските буици - своето корито,
16 од мразот им се накреваат матните води, бујно растат од снегот што почна да се топи;
17 но во сушно време скоро пресушуваат, тогаш од жега испаруваат, од коритото.
18 Се отстрануваат тие од своите патишта, пристигаат во пустината и се изгубуваат во неа.
19 Темските карвани ги бараат со очи, патниците од Шеба се надеваа на нив.
20 А кога ќе дојдат до нив, се наоѓаат во чудо, зашто се засрамија во својата надеж.