17 но во сушно време скоро пресушуваат, тогаш од жега испаруваат, од коритото.
18 Се отстрануваат тие од своите патишта, пристигаат во пустината и се изгубуваат во неа.
19 Темските карвани ги бараат со очи, патниците од Шеба се надеваа на нив.
20 А кога ќе дојдат до нив, се наоѓаат во чудо, зашто се засрамија во својата надеж.
21 Во овој час и вие сте ми такви: Видовте ужас и се исплашивте.
22 Дали ви реков: „Подарете ми нешто, дарувајте ми нешто од својот имот;
23 избавете ме од непријателска рака, ослободете ме од силниковото ропство?”