20 А кога ќе дојдат до нив, се наоѓаат во чудо, зашто се засрамија во својата надеж.
21 Во овој час и вие сте ми такви: Видовте ужас и се исплашивте.
22 Дали ви реков: „Подарете ми нешто, дарувајте ми нешто од својот имот;
23 избавете ме од непријателска рака, ослободете ме од силниковото ропство?”
24 Поучете ме вие и ќе молкнам, покажете ми: во што е мојот престап.
25 О колку се силни искрените беседи! Но што имаат во предвид вашите прекори?
26 Можеби мислите да ги изобличите зборовите? Па, во ветер оди очајниковиот говор!