21 Во овој час и вие сте ми такви: Видовте ужас и се исплашивте.
22 Дали ви реков: „Подарете ми нешто, дарувајте ми нешто од својот имот;
23 избавете ме од непријателска рака, ослободете ме од силниковото ропство?”
24 Поучете ме вие и ќе молкнам, покажете ми: во што е мојот престап.
25 О колку се силни искрените беседи! Но што имаат во предвид вашите прекори?
26 Можеби мислите да ги изобличите зборовите? Па, во ветер оди очајниковиот говор!
27 Зар бисте фрлиле жрепка за сирачето и бисте тргувале со својот пријател?