3 Тие сега би биле потешки од морскиот песок; и затоа моите зборови се брзоплети.
4 Стрелите на Сèсилниот се во моите внатрешности, нивниот бес ми го испива духот, Божјите стравотии удрија против мене.
5 Па, рика ли дивото осле покрај свежа трева? Или мука ли волот покрај својата храна?
6 Зар се јаде блутава храна без сол? Или има ли сласт во белката на јајцето?
7 Ама она од што душата ми се одвраќаше, тоа ми стана одвратно јадење.
8 Се надевам дека мојата молба ќе биде послушана, Бог да ми го исполни она за кое што копнеам!
9 О, кога Бог би сакал да ме уништи, кога би мавнал со раката да ме сотре!