7 Ама она од што душата ми се одвраќаше, тоа ми стана одвратно јадење.
8 Се надевам дека мојата молба ќе биде послушана, Бог да ми го исполни она за кое што копнеам!
9 О, кога Бог би сакал да ме уништи, кога би мавнал со раката да ме сотре!
10 Тоа би била вистинска утеха за мене, би можел да воскликнувам во тешки маки, зашто јас нема да ги скријам зборовите на Светиот.
11 Зар имам сила уште да чекам? И каков ми е крајот за да живеам подолго?
12 Зар е мојата сила како силата на каменот? Зар е моето тело од бакар?
13 На што можам да се потпрам во себе? Зар не ми е скратена секоја помош?