9 О, кога Бог би сакал да ме уништи, кога би мавнал со раката да ме сотре!
10 Тоа би била вистинска утеха за мене, би можел да воскликнувам во тешки маки, зашто јас нема да ги скријам зборовите на Светиот.
11 Зар имам сила уште да чекам? И каков ми е крајот за да живеам подолго?
12 Зар е мојата сила како силата на каменот? Зар е моето тело од бакар?
13 На што можам да се потпрам во себе? Зар не ми е скратена секоја помош?
14 Кој му одбива милост на својот ближен, го презрел стравот од Сèсилниот Бог.
15 Браќата ме изневерија како поток, како зимските буици - своето корито,