1 Не е ли војување човековиот живот на земјата? Не ги поминува ли дните како наемник?
2 Како што трудовиот роб копнее по сенка, како надничарот што ја чека платата,
3 така ми паднаа мене месеци на јад, и мачни ноќи ми се досудени.
4 Мислам лежејќи, постојано: „Кога ќе станам?” А станувајќи: „Кога ќе ја дочекам вечерта?” И така се измачувам сè додека не се смрачи.
5 Моето тело е облечено во црви и кал, мојата кожа пука и тлее.
6 Моите денови поминаа побрзо од совалката за ткаење, исчезнаа брзо без никаква надеж.