10 Никогаш веќе не се враќа во својот дом, неговото место веќе не го познава.
11 Затоа нема да и бранам на својата уста, ќе зборувам сега во стеснувањето на својот дух, јас ќе плачам во горчливоста на душата.
12 Зар сум море или морско чудовиште, па си поставил стража над мене?
13 Велам ли: „Ќе се смирам на креветот, леглото ќе ми ги олесни маките,”
14 со соништа ме плашиш тогаш, ме ужаснуваш со мачни привиди.
15 Каде е среќата па да се задушам! Помила ми е смртта отколку моите коски.
16 Јас гинам и не ќе живеам вечно; остави ме, зашто моите дни се здив!