13 Велам ли: „Ќе се смирам на креветот, леглото ќе ми ги олесни маките,”
14 со соништа ме плашиш тогаш, ме ужаснуваш со мачни привиди.
15 Каде е среќата па да се задушам! Помила ми е смртта отколку моите коски.
16 Јас гинам и не ќе живеам вечно; остави ме, зашто моите дни се здив!
17 Што е човекот па Ти толку да го цениш, толку да му прирасна на Твоето срце,
18 и да го посетуваш секое утро и да го испитуваш во секој миг?
19 Кога ќе го симнеш Својот поглед од мене, и да ме оставиш да ја голтнам плунката?