15 Каде е среќата па да се задушам! Помила ми е смртта отколку моите коски.
16 Јас гинам и не ќе живеам вечно; остави ме, зашто моите дни се здив!
17 Што е човекот па Ти толку да го цениш, толку да му прирасна на Твоето срце,
18 и да го посетуваш секое утро и да го испитуваш во секој миг?
19 Кога ќе го симнеш Својот поглед од мене, и да ме оставиш да ја голтнам плунката?
20 Ако згрешив, што ти сторив Тебе, о Ти кој внимателно го набљудуваш човекот? Зошто ме зеде за прицел, па станав терет на себеси.
21 Зар не можеш да ми го простиш мојот престап и не можеш да преминеш преку мојата вина? Зашто, малку ќе помине и ќе легнам во прав, утре ќе ме бараш, но нема да ме има.”