5 Моето тело е облечено во црви и кал, мојата кожа пука и тлее.
6 Моите денови поминаа побрзо од совалката за ткаење, исчезнаа брзо без никаква надеж.
7 Спомни си: мојот живот е само лесно ветре, и моите очи не ќе ја видат веќе среќата!
8 Пријателското око нема да ме гледа веќе; својот поглед го насочи во мене па се сушам.
9 Како што облакот исчезнува и се расплинува, така кој ќе слезе во гробот, веќе не излегува.
10 Никогаш веќе не се враќа во својот дом, неговото место веќе не го познава.
11 Затоа нема да и бранам на својата уста, ќе зборувам сега во стеснувањето на својот дух, јас ќе плачам во горчливоста на душата.