1 Јов проговори и рече:
2 „Навистина, јас знам дека е така: но како човекот ќе се оправда пред Бога?
3 Ако некој сака да се препира со Бога, не ќе му одговори ни на едно од илјада.
4 Тој е мудар со срцето, а со силата Сèдржател, и кој би му се спротивил неказнето?
5 Тој ги преместува планините, а тие не го знаат тоа, Тој ги превртува во својот гнев.