12 Ако грабне нешто, кој ќе Му го спречи тоа, и кој смее да Го праша: „Што си сторил?”
13 Силниот Бог не го повлекува Својот гнев: паѓаат пред Него помошниците на Рахаб (Хаосот).
14 Па како тогаш да Му одговорам Нему, кој збор да го изберам против Него?
15 И да сум прав, не би Му одговорил, ќе молам милост од својот Судија.
16 А ако и одговори на мојот зов, нема да поверувам дека го послушал мојот глас.
17 Зашто, Тој ме сотрува за едно влакно, ги умножува моите рани без причина.
18 Не ме остава да здивнам ни еден миг, туку ме напојува со секаква горчина!