20 Да сум и праведен, устата ќе ме осуди, Да сум и невин, ќе ме прогласи за виновен.
21 А дали сум невин? Ни самиот не знам веќе, мене ми стана сосем омразен мојот живот!
22 Зашто, тоа е сèедно; и затоа јас велам: Тој ги докрајчува невиниот и грешниот.
23 И смртниот бич кога би убивал одеднаш, Тој се смее на неволјите на невините.
24 Во земјата предадена во рацете на злочинците, Тој ги покрива очите на нејзините судии. Ако не е Тој, тогаш кој е друг?
25 Од брзоодецот моите дни се побрзи, бегаат далеку, не гледајќи никаде добро.
26 Како рогозови лотки преминуваат брзо, како орел кога се спушта врз пленот.