22 Зашто, тоа е сèедно; и затоа јас велам: Тој ги докрајчува невиниот и грешниот.
23 И смртниот бич кога би убивал одеднаш, Тој се смее на неволјите на невините.
24 Во земјата предадена во рацете на злочинците, Тој ги покрива очите на нејзините судии. Ако не е Тој, тогаш кој е друг?
25 Од брзоодецот моите дни се побрзи, бегаат далеку, не гледајќи никаде добро.
26 Како рогозови лотки преминуваат брзо, како орел кога се спушта врз пленот.
27 Ако речам: ќе го заборавам оплакувањето ќе го разведрам лицето и ќе бидам весел,
28 ужас ме опфаќа од моите маки, зашто знам дека Ти не ме сметаш невин.