24 Во земјата предадена во рацете на злочинците, Тој ги покрива очите на нејзините судии. Ако не е Тој, тогаш кој е друг?
25 Од брзоодецот моите дни се побрзи, бегаат далеку, не гледајќи никаде добро.
26 Како рогозови лотки преминуваат брзо, како орел кога се спушта врз пленот.
27 Ако речам: ќе го заборавам оплакувањето ќе го разведрам лицето и ќе бидам весел,
28 ужас ме опфаќа од моите маки, зашто знам дека Ти не ме сметаш невин.
29 Ако сум грешен, тогаш зошто напразно да се измачувам себеси?
30 Кога би се измил и со снежна вода, кога би ги очистил своите раце и со пепелница,