4 Тој е мудар со срцето, а со силата Сèдржател, и кој би му се спротивил неказнето?
5 Тој ги преместува планините, а тие не го знаат тоа, Тој ги превртува во својот гнев.
6 Тој ја раздвижува земјата од нејзиното место, од основа ги растресува нејзините столбови.
7 Штом ќе му заповеда на сонцето, тоа не се раѓа, Тој ги запечатува и ѕвездите со Својот печат.
8 Единствено Тој ги распнува небесата и само Тој оди по морската широчина.
9 Ги создаде Мечката, Орионот и Плеадите, и соѕвездијата на јужното небо.
10 Тој е Творец на силни, несфатливи дела; на чудеса што не можат да се избројат.