6 Тој ја раздвижува земјата од нејзиното место, од основа ги растресува нејзините столбови.
7 Штом ќе му заповеда на сонцето, тоа не се раѓа, Тој ги запечатува и ѕвездите со Својот печат.
8 Единствено Тој ги распнува небесата и само Тој оди по морската широчина.
9 Ги создаде Мечката, Орионот и Плеадите, и соѕвездијата на јужното небо.
10 Тој е Творец на силни, несфатливи дела; на чудеса што не можат да се избројат.
11 Поминува покрај мене, а јас не Го гледам, еве Тој заминува - јас не Го забележувам.
12 Ако грабне нешто, кој ќе Му го спречи тоа, и кој смее да Го праша: „Што си сторил?”