11 Сето тоа ним им се случуваше да служат како пример, а беше запишано нам за опомена, до кои стигна крајот на вековите.
12 Затоа, кој мисли дека стои, нека гледа да не падне.
13 Друго искушение вас не ве зафати, освен човечкото; но верен е Бог, Кој нема да допушти да бидете искушувани повеќе од силата ваша, а заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да издржите.
14 Затоа, возљубени мои, одбегнувајте го служењето на идолите.
15 Ви зборувам како на разумни: расудете сами за ова што ви го кажувам,
16 Чашата на благословот, која ја благословуваме, не е ли заедништво со крвта Христова? Лебот, што го кршиме, не е ли заедништво со телото Христово?
17 Бидејќи лебот е само еден, едно тело сме ние многуте, зашто сите сме причесници од еден леб.